Здравјето на човекот е од непроценлива важност, тоа е главен предуслов за квалитетен живот од сите аспекти. Доброто здравје е подеднакво важно без разлика на полот, но сепак треба да се истакне дека жените и мажите имаат различни здравствени потреби кои се условени пред сè од нивните биолошки разлики.
Потребите на женскиот организам се менуваат во текот на животот и за продолжување на животниот век покрај следење на здравствените препораки многу е важна и соодветна суплементација во различен период од животот.
Широката палета на Calivita располага со повеќе производи кои помагаат да се одржи доброто здравје на жените во секоја животна фаза.
Бременоста е посебен период од животот на жената во тек на кој се случуваат повеќе промени и затоа, за да зачува здравјето на трудницата и за раѓање на здраво дете во овој период покрај исхраната многу е важно да се користат специјално наменети суплементи. New Life е производ на Calivita кој содржи витамини и минерали од природно потекло и висока биолошка ефикасност, формулиран според потребите на трудниците и доилките. Производот содржи 23 состојки кои се посебно важни, на пример фолната киселина помага во создавање на плацентата, правилна делба на оплодената јајце клетка и штити од некои развојни аномалии, железото, витаминот Ц, витамините од Б групата, калциумот и магнезиумот се неопходни за создавање на крвта на ембрионот, здравиот развој на имунитетот, коските и нервниот систем.
Калциумот е минерал значаен за здравјето на коските и забите, исто така тој е неопходен и за правилно пренесување на нервните импулси или мускулна контракција. Но, неговата улога во метаболизмот на коските е главната причина зошто калциумот се смета за специфичен за здравјето на жените. Жените имаат поголем ризик од остеопороза во споредба со мажите, поради хормоналните промени кои се случуваат за време на менопаузата. Според истражувањата, остеопороза била четири пати поголема кај жените отколку кај мажите. Затоа, доволен внес на калциум е многу важен за жените да одржуваат добра коскена маса. Препорачливо е со создавање резерви да се започне што е можно поскоро, бидејќи максималното формирање на коскена маса кај повеќето луѓе се завршува на возраст од 25 до 30 години.
Производот на Calivita Strong Bones, покрај калциум содржи и магнезиум во идеален однос 2:1 што овозможува оптимална апсорпција и искористување.
Calcium Magnesium Plus е производ формулиран за да обезбеди квалитетна поддршка на метаболизмот на коските кој содржи калциум, магнезиум, витамин Д и К. Витаминот Д ја поддржува апсорпцијата на калциум, а витаминот К ја спречува неговата загуба.
Грижете се за Вашите коски со употреба на овие производи, бидејќи тие треба да Ве служат цел живот!
Интересна е поврзаноста на калциумот со и предменструалниот синдром (ПМС). Во овој период од циклусот нивото на естрогенот е повисоко. Тоа има ефект врз намалувањето на нивото на калциум, ниските нивоа на калциум во овој период ја менуваат активноста на серотонинот, што влијае на расположението. Овие осцилациите на естроген и калциум се поврзани со промените на расположението вообичаени за ПМС.
Evening Primrose Oil – хранливо растително масло од ноќниче
Маслото од јаглика се произведува од семето на растението јаглика кое потекнува од Јужна Америка, бил популарно меѓу Индијанците за лекувањето на кожни болести и заздравувањето на рани, а се користело и орално за лекување астма, настинка и грип. Маслото од јаглика најмногу се користи во народната медицина за хронични воспалителни состојби како што се атопичен дерматитис и ревматоиден артритис, а често се користи и за повеќе состојби поврзани со здравјето на жените. Тоа ги содржи двете важни незаситени масни киселини: алфа-линилеинска киселина (ALA) и гама-линолеинака киселина (GLA).
Кога станува збор за убавината на кожата, маслото од јаглика има многу благотворно дејство. Внесувањето на GLA, која се содржи во него, резултира со подобрување на здравјето, изгледот и еластичноста на кожата. Користењето на масло од ноќниче исто така ги намалува лезиите од акни, постојат истражувања кои укажуваат дека дефицит на GLA доведува до атопичен дерматит и други кожни заболувања.
Не е мал процентот на жени кои во репродуктивната возраст се соочуваат со предменструален синдром (ПМС). Користењето на масло од ноќниче кое, кое содржи GLA, во голема мера ги ублажува непријатните симптоми како што се анксиозност, депресија, раздразливост, промени во расположението и несоница, оток, болка и желба за храна.
Придобивката од земањето масло од ноќниче во форма на додаток во исхраната има и кај луѓето кои страдаат од остеопороза. Тоа се должи на способноста на гама-линоленската киселина да го намали излачувањето на калциум преку урината и да го инхибира разградувањето на коските со што се зголемува неговото количеството во коските.


