Врската со витамин Д: Суштинско значење за здравјето на жените

Vitamini365.mk

Витамин Д е познат како „витамин на сончева светлина“ бидејќи може да се синтетизира во организмот под дејство на ултравиолетова сончева светлина. Брзото темпо на живот и работа што често бара да се биде во затворен простор во најсончевиот дел од денот предизвикува недостаток на витамин Д кај општата популација. Способноста да се синтетизира витаминот Д се намалува со возраста, така што недостатокот на витамин Д е чест кај постарите лица.

Тој спаѓа во групата на липосолубилни витамини – растворлив е во масти и делува како хормон. Бидејќи витаминот Д не може да се произведува во телото, од суштинско значење е да внесува преку исхраната кога организмот е ограничен на изложеност на сончева светлина. Без разлика дали витаминот Д се добива од додатоци во исхраната или од сонце, тој е неактивен додека не се измени со биохемиски реакции кои се одвиваат во црниот дроб и во бубрезите и потоа циркулира преку крвотокот

Витаминот Д има многу важни функции во телото:

  • минерализација на коските и забите;
  • апсорпција на калциум и фосфор;
  • клеточна диференцијација;
  • регулирање на крвниот притисок;
  • го успорува развојот на остеопорозата;
  • го зајакнува имунолошкиот систем;
  • хемопротективно дејство;
  • правилно функционирање на дигестивниот систем;
  • обновување на кожата.

Причини за недостаток на витамин Д кај жените

Жените имаат пониско ниво на витамин Д од мажите, за тоа постојат повеќе причини. Една од причините е што жените имаат повеќе телесни масти од мажите. Вишокот на килограми е фактор за намалување на нивото на витамин Д, бидејќи масните клетки го апсорбираат и така го спречуваат неговото циркулирање во крвта. Жените исто така поминуваат помалку време на отворено, а користат и поинтензивно креми за сончање кои го блокираат продирањето на УВ светлината во клетките. Исто така, да не заборавиме дека природниот процес на стареење на организмот придонесува тој помалку да се апсорбира и преку храната и преку сонцето.

Што значи недостатокот на витамин Д за здравјето на жената и за нејзината целокупна благосостојба?

Недостатокот на витамин Д врз женското здравје може да предизвика многу несакани последици.

Остеопороза 

Жените во постменопауза се изложени на поголем ризик од остеопороза-болест на кршливи коски. За да може калциумот да се апсорбира и да се депонира во коските, мора да има доволно витамин Д во телото. Жените кои имале низок внес на калциум во текот на годините, вклучувајќи и недоволно витамин Д, имаат поголема веројатност да развијат остеопороза во староста. Ако не ја внесеме оптималната доза на витамин Д во организмот, апсорпцијата на калциум од храната или додатоците во исхраната нема да биде доволна. Кога нивото на калциум во крвта опаѓа, телото го повлекува калциумот од коските за да можат мускулите, нервите и срцето нормално да функционираат. Со текот на времето, поради повлекување на калциумот, може да дојде до намалување на коскената маса и зголемување на ризикот од развој на остеопороза, остеомалација и зачестеност на фрактури.

Кардиоваскуларни болести

Се поголем број студии укажуваат на недостаток на витамин Д како фактор на ризик за срцев удар, конгестивна срцева слабост, заболување на периферните артерии и мозочни удари. Така на пример, една студија од 2016 година сугерира дека дневниот внес на витамин Д може да ги намали кардиоваскуларните фактори на ризик.

Депресија

Според некои студии додатоците во исхрана со витамин Д можат да ја подобрат состојбата на блага депресија.

Лупус

Ова е хронична автоимуна болест која може да влијае на речиси секој органски систем во телото со повеќе симптоми. Според статистиката, околу 9 од 10 возрасни лица со лупус се жени на возраст меѓу 15 и 45 години. Откриено е дека витаминот Д влијае на функцијата на имунолошкиот систем и воспалителните процеси во телото, а студиите укажуваат на врска помеѓу витаминот Д и автоимуните болести. Токму затоа ниското ниво на витамин Д се поврзува со оваа автоимуна болест.

Рак на дојка

Истражувањата покажуваат дека жените со недоволно ниво на витамин Д имаат 45% зголемен ризик од рак на дојка. Други студии покажаа пак дека жените на кои им е дијагностициран рак на дојка, во просек имаат пониски нивоа на Д витамин во крвта.

Рак на јајници

витаминот Д се смета дека има заштитен ефектот од појава на ракот на јајниците. Според некои студии се смета дека соодветно ниво на Д витамин во женскиот организам ја забавува прогресијата на ракот на јајниците.

Отпорност на инсулин

Според една студија, недостатокот на витамин Д е поврзан со поголема веројатност за дијабетес. Со анализа на испитаници кои имале дијабетес откриено е дека имале и пониски нивоа на витамин Д. Затоа се смета дека нивото на витаминот Д може да влијае на метаболизмот на гликозата во крвта.

Витаминот Д игра важна улога во правилното функционирање на имунолошкиот систем и го намалува ризикот од развој на респираторни заболувања како што се настинки и грип предизвикани од вируси и бактерии. Истражувањата докажаа дека е важен за нормално функционирање на имунолошкиот систем и може да помогне да се спречи развојот на рак на простата, дебело црево и дојка. Ги активира Т-клетките кои ги напаѓаат клетките на туморот. Го стимулира дејството на макрофагите кои се борат против патогени микроорганизми. Здравствените истражувања ја докажаа неговата ефикасност во намалувањето на ризикот од развој на мултиплекс склероза, кардиоваскуларни болести, депресија и анксиозност.

Calivita на своите клиенти им нуди квалитетен, течен додаток на исхрана D-Drops, кој го содржи Д витаминот во неговата природна форма – витамин Д3 или холекалциферол во комбинација со масни киселини, што е важно бидејќи витаминот Д спаѓа во витамините растворливи во масти. Активната состојка во D-Drops капките е масло од црн дроб од бакалар, кој е најдобар природен извор на Д-витамин. Нашиот производ е со пријатен вкус од цитрусно овошје, не содржи додадени шеќери, засладувачи, вештачки бои или ароми. Користењето на витамин Д во капки е многу едноставно и практично, шишенцето содржи 30 мл, а една капка содржи 400 И. Е.

Сподели ја оваа објава