Зајакнување на здравјето на жените

Vitamini365.mk

За одржување на здравјето на жените потребни се витамини! Тие ги регулираат сите процеси во телото, одговорни се за правилно функционирање на срцето, мускулно-скелетниот систем, за млад изглед на кожата, за убавината на косата и ноктите.

Кои се 5 најважни витамини за одржување на здравјето на жените?

Витамин Б6

Б6 витаминот е важен за продукција на естрогенот-женскиот хормон одговорен за убавина и младост. Неговото природно производство после 30 година физиолошки се успорува и како резултат на тоа се појавата на првите брчки и намалување на еластичноста на кожата. Со внесување на Б6 се заштитуваат клетките од оштетување и се стимулира нивната регенерација.

Витамин Ц

Витамин Ц, на сите ни е познат како витамин за подобар имунитет, но тој е многу важен и за зачувување на убавината на кожата и на косата. Витамин Ц е првиот фактор кој ја поттикнува синтезата на колаген-еден од најзастапените протеини во телото одговорен за еластичноста на кожата, нејзиниот здрав изглед и сјај.

Витамин Е

Витамин Е, со право наречен витамин на вечната младост има бројни придобивки за кожата почнувајќи од заштита од дејството на слободните радикали, ја спречува пигментацијата што настанува од дејството на ултравиолетовите зраци, го подобрува тенот и свежината на кожата. Посебно е препорачлив за сува кожа бидејќи ја задржува водата.

Витамин Д

Интересот за проучување на неговото дејство во последните децении е сè поголем. Покрај неговата основна функција за одржување на здрави коски, кожа, заби и сврзно ткиво има се повеќе истражувања кои укажуваат на тоа дека доволната количина на Д витамин во телото е важна како превенција од депресија, превенција од рак на дојка и јајници и општо зајакнување на имунитетот,

Витамин Б3

Витамин Б3 се сретнува во две форми, како никотинамид или никотинска киселина. Урествува во одржување на многу ензимски реакции, во метаболизмот на протеините, мастите и јаглехидратите. Го регулира нивото на холестерол, го зајакнува срцевиот мускул и затоа се смета за важен фактор во превенцијата од срцев удар.

Производи препорачани од палетата на Calivita се:

C-1000, C-1000 Plus, C 300 Plus, Liqud C+Bioflavonoids, D-drops, Vitamin E, Stress Management, Mega B Complex

Сподели ја оваа објава