Rhodiola Rosea, позната и како “златен корен” или “арктичка роза”, е билка која со векови се користи во традиционалната медицина на Сибир и други делови на светот. Нејзината способност да помогне на луѓето да издржат во суровите и стресни услови ја направила една од најценетите адаптогени билки.
Историјата и традиционалната употреба на Rhodiola Rosea
Rhodiola Rosea има долга историја на употреба во традиционалната медицина, особено во Сибир и скандинавските земји. Векови таа се користела за зголемување на физичката издржливост, продолжување на животниот век, подобрување на отпорноста кон високи надморски височини и за заштита од болести. Војниците и астронаутите ја користеле за подобрување на издржливоста и концентрацијата.
Што ја издвојува родиолата од другите адаптогени?
Истражувањата покажаа дека постојат повеќе од 200 различни типови на родиола, но, само Rhodiola Rosea покрај другите состојки (содржи повеќе од 40 видови хемиски соединенија) ги содржи активните состојки салидрозид и розавин. Токму на овие состојки се должи нејзината уникатниот и нејзиниот фармаколошки ефект во споредба со другите адаптогени.
Зошто родиолата е толку популарна билка?
Постојат повеќе здравствено корисни и научно докажани својства на Rodiola Rosea и состојби во кои таа помага, тоа се:
- Анксиозни нарушувања (како што е социјална анксиозност)
- Депресивни состојби
- Подобрување на интелектуалните функции
- Го намалува стресот и заморот
- Нарушувања на нервниот систем
- Болести поврзани со стареење (како што е Алцхајмеровата болест)
- Подобрување на атлетските перформанси
- Ја зајакнува функцијата на срцето
- Ги намалува негативните ефекти од хемотерапијата и има антитумурно дејство
- Заштитен ефект врз црниот дроб
- Регулирање на нивото на шеќер во крвта
Која е врската помеѓу Rhodiola Rosea и болестите?
Со оглед на тоа дека повеќето болести (околу 80% или повеќе!) потекнуваат од последиците од стресот, доколку успееме да ги намалиме, па дури и целосно да ги отстраниме ефектите од стресот, можеме барем теоретски да спречиме појава на повеќе болести.


