Во денешно време, анксиозноста станува сè почеста појава, а многу луѓе бараат природни и ефикасни начини за справување со овој проблем. Производот на Calivita Rhodiolin во кој се наоѓа познатата Rhodiola Rosea, е едно од најпопуларните билни средства кое се користи за намалување на симптомите на анксиозност и подобрување на општото ментално здравје.
Решение против анксиозност
Rhodiolin содржи активни состојки кои помагаат во балансирањето на невротрансмитерите во мозокот. Ова може да резултира со подобрување на расположението и намалување на нивото на стрес и анксиозност.
Врз основа на испитување со експериментална група од 80 учесници кои користеле Rhodiola Rosea утврдено е значително намалување на стресот, анксиозноста, лутината, конфузијата и депресијата во период од 14 дена и значително подобрување на вкупното расположение.
Друга мала пилот студија која вклучувала 10 возрасни лица со анксиозност покажала дека со 360 мг. родиола дневно во тек на 10 недели има значително подобрување на симптомите на генерално анкциозно растројство и намалување на нивото на анксиозност според скалата за оцена на анксиозноста.
Стабилизација на хормоните на стрес
Оваа билка има способност да стабилизира хормоните на стрес во телото, особено кортизолот. Со намалување на нивото на кортизол, Rhodiola Rosea може да помогне во намалување на физичките и менталните симптоми на анксиозност.
Поради своите адаптогени особини родиолата може да го балансира нивото на хормонот кортизол, а тоа е корисно за забавување на процесот на стареење и за да се чувствуваме помладо и поенергично. Исто така одржување на нормалното ново на кортизол е важно за справување со секојдневниот стрес бидејќи ако хормонот кортизол е висок подолг временски период може да предизвика забрзани знаци на стареење, психосоцијален стрес, намалена меморија, исцрпеност, зголемена телесна тежина, слаб имунитет, проблеми со тироидната жлезда и друго. Според сето ова, со право родиолата може се смета за корисен додаток во исхрана против стареење.
Подобрување на фокусот и концентрацијата
Rhodiola Rosea исто така е позната по својата способност да го подобри фокусот и концентрацијата. Ова е особено корисно за луѓето кои се борат со анксиозност, која често може да предизвика проблеми со концентрацијата.
Докажано е дека родиолата помага во подобрување на когнитивното функционирање и помага како природен лек за концентрацијата. Родиолата може да помогне да се зголеми чувствителноста на нервните клетки, вклучувајќи ги и двата многу познати невротрансмитери серотонин и допамин кои се многу важни за зголемување на фокусот, меморијата, задоволството и подобрување на целокупното расположение, што ги прави многу важни за подобар фокус.
Некои лекари ја сметаат како ефикасна природна алтернатива на антидепресивните лекови, бидејќи ја зголемува чувствителноста на допамин којшто го подобрува расположението, а во споредба со антидепресивите нема несакани ефекти или тие се незначителни. Исто така родиолата помага во борбата против желбите за храна и зависностите.


