Негување на Вашето тело со храна богата со витамини

Vitamini365.mk

За правилно функционирање на нашето тело неопходно е внесување на разновидна исхрана која е богата со витамини и ќе ни ги обезбеди сите потребни основни хранливи материи.

Постојат некои намирници кои имаат специфичен придонес и се клучни за здравјето и благосостојбата на женскиот организам. Според истражувањата некои видови храна можат значително да го подобрат здравјето па дури и да спречат одредени заболувања.

Сите витамини и минерали си имаат важна функција во телото, кога станува збор за здравјето, виталноста и убавината не жената ќе спомнеме некои од нив.

Храна богата со Е витамин

Витаминот Е, познат како витамин на вечната младост, има повеќе позитивни ефекти врз женското здравје. Тој е моќен антиоксиданс кој може да помогне да се намали оштетувањето предизвикано од слободните радикали. Тие го скратуваат животниот век на клетките, со тоа се забрзува процесот на стареење и појавата на одредени заболувања. Се смета дека токму поради ова витаминот Е може да го забави губењето на меморијата кај луѓе со Алцхајмерова болест. Помага за здравиот изглед на кожата и косата, а покрај тоа што помага да се спречи оштетување на кожата од слободните радикали и од УВ зраците, витаминот Е, кој се вика уште и алфа-токоферол, има антиинфламаторни својства т.е. овозможува здрав имунолошки систем. Кај жените со предменструален синдром може да даде позитивни ефекти во намалување на анксиозноста, депресијата и болката.

Витамин Е е микронутриент кој спаѓа во групата на витамини растворливи во масти. Присутен е во различни видови на храна: житарки, месо, јајца, растителни масла и др. Покрај преку храната потребното количество на Е витамин може да се дополни и преку додатоци во исхраната. За таа цел во палетата на Calivita има производ кој содржи витамин Е во вид на меки гел капсули. Можеме да Ви помогнеме да ја зачувате вечната младост со нашиот производ Vitamin E!

Храна богата со омега 3 масни киселини

Тоа се есенцијалните масни киселини, EPA и DHA, кои мора да се внесуваат преку храната или преку додатоци во исхраната бидејќи телото не може само да ги произведе. Омега-3 масните киселини имаат вредни придобивки за здравјето на жените. Тие главно влијаат на срцето и крвните садови, нервниот систем, мозокот и видот. Покрај тоа, омега-3 имаат силно антиинфламаторно дејство, што е поврзано со намален ризик од хронични болести како што се дијабетес тип 2, атеросклероза и артритис. Докажано е дека нивно користење во тек на бременоста е корисно за правилен невролошки развој на фетусот. Многу жени во репродуктивна возраст страдаат од ПМС. Утврдено е дека внесувањето на Омега-3 при ПМС доведува до намалување на интензитетот на симптомите бидејќи Омега-3 го регулираат нивото на естроген и прогестерон, благодарение на што се намалуваат многу физички манифестации на ПМС. Поради тоа што го одржуваат хормоналниот баланс нивниот позитивен ефект исто така е забележан и во периодот на менопауза. Омега 3 овозможуваат нормално функционирање на кожата, ја поддржуваат нејзината хидратација и ја намалува сувоста и чешањето, што е посебно значајно кај атопичен дерматитис и псоријаза.

Постојат неколку намирници богати со омега 3 масни киселини, тоа се морските плодови, лосос, туна и сардина. Бидејќи снабдувањето преку храната со овие неопходни масни киселини не е секогаш доволно потребна се соодветна суплементација со квалитетни додатоци во исхраната.

Како додатоци во исхраната што ги содржат овие многу важни аминокиселини Calivita Ви ги нуди производите: Omega 3 Concentrate и Nordic Pure Omega 3 Liquid

Omega 3 Concentrate е прочистено рибино масло, концентрат од клучните аминокиселини EPA и DHA, во вид на меки гел капсули. Концентрирајте се на Вашето здравје со нашиот Omega 3 Concentrate!

Nordic Pure Omega 3 Liquid е течен додаток во исхраната со приjaтен вкус на лимон, потекнува од чист, сигурен извор, од рибино масло од рибата бакалар што живее во чистите води на Исланд. При екстракција користени се посебни методи за да се зачуваат сите природни состојки.

Храна богата со железо

Железото е еден од најважните минерали во нашиот организам. Тој има клучна улога во репродуктивниот период на жената, но и после тоа. Железото има важна улога во создавањето на црвените крвни зрнца, еритроцити, кои ги снабдуваат виталните органи и ткива со кислород. Недостатокот на железо е најчесто поради несоодветна исхрана (безмасна или вегетарјанска) или поради обилни менструални циклуси. За да се регулира нивото на железо во крвта, потребно е да се внесува повеќе храна богата со овој минерал како што е спанаќ, темно чоколадо, школки, месо, сончогледово семе и др.

Производот на Calivita, Iron Plus, претставува висококвалитетен комплексен препарат кој содржи органско железо и витамин Ц кој ја зголемува апсорпцијата и искористувањето до четири пати, како и цитрусен биофлавоноиден комплекс.

Храна богата со витамини од Б-комплексот

Б-комплексот е група од осум витамини кои учествуваат во околу 300 ензимски реакции во нашето тело. Поголемиот дел од Б-витамините даваат енергија, добро расположение, здрав сон и апетит. Некои витамини од Б-комплексот се многу важни во тек на бременоста како на пример фолната киселина, Б-9 витамин, која е многу важна за формирање на плацентата, правилна делба на клетките и за развој на фетусот. Витамините од Б-комплексот посебно се препорачуваат кај жените бидејќи дирекно влијаат на растот и цврстината на косата и ноктите како и за здрава и убава кожа.

Хранливи извори на витамините од Б-комплексот се: млеко, месо, јајца, морски плодови, лиснат заленчук, квасец, житарки и др.

Calivita во својата палета на производи содржи повеќе производи во кои се застапени витамините од Б-групата, ќе ги издвоиме:

Stress Management – Б-витамински комплекс кој ќе му помогне на Вашиот метаболизам подобро да се справи со ефектите од стресот.

Full Spectrum – производ кој покрај витамини од Б-комплексот содржи и минерали и антиоксиданси и биофлавоноиди, специјално дизајниран да ги задоволи секојдневните Ваши потреби.

Menopausal Formula – за намалување на тегобите кај жени во менопауза, кој покрај витамини од Б-комплексот содржи и други витамини, минерали и билки кои помагаат да се ублажат непријатните симптоми поврзани со менопаузата.

Сподели ја оваа објава