Секојдневно нашето тело е изложено на токсини кои ги внесуваме преку храната, водата, воздухот… затоа од големо значање за човечкото тело е периодот што следи, односно пролетна детоксикација.
Со помош на детоксикација може да се спречат многу здравствени проблеми кои се резултат на дејството на овие токсини. Детоксикацијата на организмот со тоа што ќе ја подобри Вашата здравствена состојба ќе имате повеќе енергија, подобар имунитет, а помалку умор, главоболки, несоници, променливо расположение и други симптоми кои влијаат на Вашите активности.
Бидејќи детоксикацијата е неопходен предуслов за здрав живот и основа за добар имунитет во палетата на Calivita има навистина голем избор на производи кои ќе Ви помогнат во овој процес.
Следните витамини можат многу да ви помогнат за пролетна детоксикација!
Liquid Chlorophyll
Хлорофил е зелениот пигмент кој се наоѓа во хлоропластите на растенијата и е одговорен за процесот на фотосинтеза. Тој заедно со сончевата енергија, јаглерод диоксидот и водата создава кислород и гликоза. Хлоропластите се најзастапени во листовите на растенијата, им ја даваат нивната карактеристична зелена боја.
Благодарение на неговите својства, хлорофилот го стимулира клеточниот раст што резултира со формирање на ново, здраво ткиво. Истовремено го зголемува и бројот на имуните клетки кои учествуваат во борба против воспалителните процеси и така го намалуваат времетраењето на воспалителните процеси и штетата од нив.
Прекумерната киселост ги оштетува и уништува клетките и ткивата во нашето тело. Хлорофилот го балансира ph во нашето тело, на тој начин му помага на телото да ги неутрализира киселинските материи и да се ослободи од отровите.
За неговото корисно дејство постојат бројни сознанија тој делува подеднакво ефикасно и внатрешно и надворешно.
Надворешно делува на бројни оштетувања и промени на кожата како чиреви, акни, калуси, изгореници. Внатрешно делува на мукозната мембрана на устата, хранопроводот, желудникот, цревата и белите дробови. Може да се користи за плакнење на усната шуплина и при тоа помага за разни инфекции на непцата, забите, афти, ангина, го контролира лошиот здив.
Постојат студии кои го документираат исклучително ефикасното дејство на хлорофилот во третманот на гастритис, гастритични и дуоденални улкуси, инфекција со Helicobacter pylori и надуеноста како една од најчестите појави.
Со хлорофил може успешно да се лекуваат и други болести на дигестивниот систем: нервозно дебело црево, улцеративен колитис, чиреви, фистули итн.
Врз основа на сето ова Liquid Chlorophill покрај формула за алкализација со право можеме да го наречеме и сестран исцелител.
Ocean 21
Оcean 21 е ризница на биолошки активни супстанции од морски и од копнени растенија. Содржи осум видови на алги, алое вера и голем број други активни состојки. Тој ќе ве детоксицира на длабоко ниво со чистење на Вашите клетки од насобраните токсини, а во исто време и ќе Ве минерализира. Тоа се два основни процеси кои се многу важни за обновување на организмот, за зајакнување на имунитетот, за враќањето на хормоналната рамнотежа и активирање на целиот ензимски систем.
Pure Yucca
Јуката е зимзелено растение кое живее во исклучително неповолни климатски услови, ноќе трпи студ и мраз, а дење преголема топлина. Неговата голема исцелителна моќ врз луѓето е користена наназад со векови, затоа индијанците го нарекувале дрво на животот.
Екстрактот од Јука содржи бројни ензими, хлорофил, антиоксиданти, сапонини кои ја поттикнуваат работата на цревата и лимфата, како и голем број други активни супстанции. Со своето диуретично дејство и забрзување на метаболичките процеси, го подобрува излачувањето на отпадните и токсичните материи од телото, што значително ја подобрува општата состојба на организмот.
Од голема помош е при проблеми со дебелото црево, кои денес се многу чести поради начинот на живот и исхраната. Ова е особено изразено кај повозрасната популација, каде речиси секој трет човек има непријатни нарушувања и симптоми на хронично воспаление на дебелото црево.
Хроничните инфламаторни заболувања на дебелото црево (полипи, Кронова болест, улцерозен колитис) се заболувања кај кои сапонините на јука покажуваат смирувачки и детоксикациски ефекти.
Целта на секоја детоксикација е да се отстранат токсините од клетките и меѓуклеточните простори и да се доведат до црниот дроб кој го неутрализира секој отров и го прави погоден за елиминација од организмот. Затоа многу е важно да се погрижиме за неговото здравје и да му помогнеме во неговата работа. Calivita има многу добар производ за таа цел, тоа е Liver Aid – уникатна формула која ги содржи сите потребни компоненти за заштита, правилно функционирање и регенерирање на црниот дроб.


