Природени суплементи против сезонски алергии

Vitamini365.mk

Со пристигнување на пролетта и цветањето на цвеќињата започнуваат и сезонски алергии со кои не сакаме да се справуваме. Со тоа симптомите како кивање, кашлање, насолзени очи, затнат нос, засилен назален секрет… стануваат се почести.

Алергиите всушност се преосетливост на нашиот имун систем на некои супстанции – алергени кои ги вдишуваме, доаѓаме во контакт со нив или ги внесуваме преку храната. Кога алергенот ќе дојде во контакт со нашиот организам имуниот систем реагира со создавање на антитела кои го напаѓаат алергенот. Сезонските алергии сè се почеста состојба која ги погодува луѓето од сите возрасти и се појавуваат секогаш кога концентрацијата на алергени во воздухот е повисока.

Антихистаминици се лекови коишто се користат во медицината и делуваат на тој начин што ги ублажуваат симптомите на алергија преку блокирање на реакцијата на имунолошкиот систем. Бидејќи алергиите во суштина претставуваат нарушување на имунолошкиот систем, а антихистамините делуваат само на симптомите, потребно е навреме да се преземат чекори за зајакнување на имуниот систем со соодветни, квалитетни суплементи кои ќе овозможат полесно да помине сезоната на алергии.

Во својата широка палета на природни производи Calivita ги содржи сите неопходни суплементи кои делуваат против сезонски алергии.

Vein Protex е производ кој содржи неколку природни растителни материи кои имаат антихистаминско дејство. Меѓу нив најефикасни се олигомерните проантоцијани (ОРС), моќни антиоксиданти, кои се содржат во семките од грозјето и ефикасно даваат олеснување на разни видови алергии и астма. ОРС делуваат на ослободување на хистамин, но исто така делуваат и во намалувањето на ослободувањето на некои воспалителни молекули и со тоа се намалува физичката манифестација на алергијата. Ефикасноста на ОРС во Vein Protex се многу голема, тие даваат ефект со значително намалување на симптомите дури и кога алергијата веќе се појавила.

Важно е да се знае дека Vein Protex не се коси со истовремено користење на имунотерапија бидејќи ОРС не го спречуваат формирањето на антитела против специфични алергени.

Покрај ОРС, Vein Protex содржи и витамин Ц, хесперидин комплекс и метил сулфонил метан (МСМ), кои исто така имаат антиалергиско дејство.

Комбинацијата на Vein Protex со D drops е докажана за алергии на полен, кожни алергии, нутритивни алергии и нетолеранција на хистамин. Витаминот Д го јакне имунитетот, ги намалува воспалителните процеси и го намалува ризикот од автоимуни заболувања. Најдобар природен извор на Д-витамин е маслото од црн дроб од бакалар на кое всушност се темели нашиот производ D drops. Капките се едноставни и лесни за дозирање имаат пријатен, природен вкус од цитруси, не содржат вештачки вкусови, бои и засладувачи.

Биофлавоноидите се природни соединенија, дел од големото семејство на антиоксиданти. Биофлавоноидите се тие што им даваат на овошјето и зеленчукот карактеристична боја. Тие имаат корисен ефект врз нашето здравје, вршат голем број биолошки функции во телото меѓу кои и потиснување на алергиските реакции. Од палетата на производи на Calivita се содржат во производите: C Plus, C 1000 Plus, C 300 Plus и течниот производ Liquid C+ Bioflavonoids.

Важни минерали кои треба да ги земеме предвид во справување со алергиските реакции се калциум, магнезиум и цинк. Тоа се производите на Calivita, Strong Bones, кој содржи калциум и магнезиум, Calcium Magnesium Plus, содржи калциум, магнезиум, витамин Д3 и витамин К и производот Chelated Zinc кој содржи цинк во хелатна форма бидејќи на тој начин лесно се апсорбира.

Сподели ја оваа објава
Нема коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *