Минералните материи и олигоелементите се од животно значење за правилно функционирање на организмот. Бидејќи тој не може самостојно да ги произведе, а ниту нашата исхрана не ги содржи во доволно количество и квалитет, мораме да ги надоместуваме во вид на додатоци на исхраната. Имено, недостиг на овие елементи, доведува до неправилно работење на организмот, па дури и до болест.





